Signori Blog

Дополнителни детали на едно елегантно смокинг одело

Лептир машна

1

Лептир машната е задолжителен аксесоар кога се носи смокинг. Црн смокинг, со црна лептир машна и црни лакирани чевли е безвременска комбинација и незаменлива елеганција. Смокинг оделата никогаш не се носат со вратоврска. Тргнете само од големите филмски платна смокингот е секогаш во комбинација со лептир машна.

Типот на лептир машна зависи од типот на реверот на сакото со коешто се комбинира, како и од видот на јаката на кошулата и самата конструкција и облик на лицето.

2

Бон тон за носење смокинг одело: Според бон-тон смокинг оделата се носат  после 18-00 часот.

 

Вратоврска

 3

За свадбени свечености, еден многу софистициран начин да се вклопи бојата на вратоврската во целокупната комбинација, е да биде иста со бојата на китенките.

Чворот на вратоврската е, истотака, важен и начинот на врзување на истиот е различен за различни типови на пригоди.

Секако наш совет доколку носите смокинг одело на вашиот голем ден , задржете се на лептир машна за една максимална елеганција. Смокинг оделата поради сатенската крагна и специјалната смокинг кошула одговараат само со лептир машна  и тоа најчесто во црна боја.

Елек

Носење на елек со вашето смокинг одело е секогаш правилен избор. Доста често слушаме коментари од мажи дека е премногу толпо да се комбинира и елек за целодневна свадба.

Тимот на Signori ви препорачува за вашиот голем ден да изберете елек , бидејќи во него секогаш ќе изгледате по елегантно. Елекот има неверојатен ефект врз еден маж, во текот на целиот ден ќе придонесува да стоите по испратевно и секогаш кошулата ќе ви биде убаво наместена без разлика колку и да се движите, И секако долколку одлучите да го соблечете вашето смокинг сако повторно ќе се разликувате и одвојувагте од сите останати гости кои ќе бидат по кошула.

 cobalt

Китенки

Носењето на китенки е индивидуално и не е неопходно за да се надополни целосниот изглед.Никогаш не носете китенки на формални бизнис настани или интервјуа. Китенките го надополнуваат целосниот стајлинг само доколку се добро координирани со бојата на елекот или вратоврската. Најчесто бојата на китенките треба да се совпаѓа со боите на букетот на невестата или генерално, да се вклопуваат во целокупниот амбиент на местото каде што се одржува прославата.

4

Украсни  манжетни

Украсните  манжетни се аксесоар што има и практична и естетска улога. Истите, служат за спојување на двата краеви на манжетните на кошулата и се избираат во зависнот од настанот за којшто се наменети. Слободно можете да се опуштите и да одберете впечатливи и сјајни манжетни за раскошни забави, пример Нова Година и сл., за свадба изберете посмирен и софистициран тип на манжетни, исто како и за интервјуа за работа.

5

Чорапи

Црната боја е единствен избор кога носите  смокинг. Понекогаш, може да биде навистина забавно да носите шарени чорапи со интересни дезени или во една јака боја, различна од основната црна, сива или тегет  со Вашето одело, но постои веројатност да не бидат соодветни за одредени пригоди, на пример свадба или формални бизнис настани.

Марамче

Марамчето служи за заокружување на целосниот стајлинг и може да биде вистинско освежување на целокупната комбинација. Signori секогаш препорачува носење на марамчиња, посебно доколку носите вратоврска и елек со неутрални бои. Доколку станува збор за смокинг, марамче во бела боја е дефинитивно вистинскиот избор, а што се однесува до оделата, слободно може да се “поигра” со боите, во зависност од бојата и дезенот на истите.

Bordeaux

Чевли и каиш

Дефинитивно, една од најважните работи за правилна и добитна комбинација кога станува збор  носење на смокинг, е и правилниот избор на чевли. За смокинг секогаш, ама баш секогаш, препорачуваме лакована црна чевла. Целата работа е во тоа што лакираната чевла совршено ја надополнува елеганцијата на смокингот, истовремено освежувајќи ја целосната слика, токму онолку колку што се бара, кога станува збор за свечен и елегантен стајлинг, спречувајќи ја монотонијата што многу често може да дојде до израз доколу не се внимава .

Никогаш не носете каиш со одело, посебно со смокинг. Со носењето каиш, се добива ефект на скратена фигура, што не е случај кога станува збор за одело или смокинг скроен по Ваши мерки, што го следи обликот на телото и истакнувајќи ги уште повеќе предностите и убавите делови на Вашата градба.