Signori Blog

Кошули по мерка vs. кошули купени од продавница

Има многу причини поради коишто кошулите по мерка се далеку подобра опција од стандардните, купени од продавница. Во овој блог  ќе се обидеме да ги опфатиме главните предности за да се одлучите токму за custom made кошули, како што нуди и Signori, изработени од високо квалитетен Австриски и дупло ткаен Египетски памук.

allPhotos-copy_0004_Group-5

Најпрво, кошулите по мерка секогаш се изработуваат од квалитетни материјали, што траат, се удобни за носење и спречуваат прекумерно потење.  Би сакале да носите таков материјал на работа, на важен бизнис состанок, свадба и сл. Дополнително, доколку веќе носите одело по мерка, секако не би сакале да го нарушите целосниот концепт, со погрешен избор на кошула.

allPhotos-copy_0003_Group-4

Најважна причина поради којашто  задолжително треба да имате кошула по мерка во вашиот гардеробер, е секако oдличниот фит , односно совпаѓањето на истата со вашите мерки и пропорции. Правилна ширина на јаката, струкот, должината на ракавите, се само дел од стандардите што мора да се исполнуваат за да добиете производ  што совршено ви прилега, а што многу ретко се добива доколку купите кошула од продавница, односно,  доколку ви е точна во ширината на вратот, должината на ракавот нема да Ви одговара, или пак ако е точна во ракавите ќе биде широка во стомакот.

allPhotos-copy_0002_Group-3

И деталите се важни. Покрај тоа што бирате материјал, боја и дизајн, со заеднички сугестии помеѓу Вас и Вашиот моден консултант, се бираат и деталите во зависност од настанот за којшто Ви е потребна кошулата и конструкцијата на лицето и телото, пример тесна и издолжена јака (Point Collar), за издолжувачки ефект на лицето или пак, широка јака (Spread collar) што открива поголем дел од горниот дел на кошулата, за разлика од претходниот тип, и што е одлична за мажи со поиздолжена форма на лицето.

 

 

Исто така може да се изберат  специјални метални копчиња за побогат и поелегантен ефект за вашата свадба или веридба, манжетни коишто ја надополнуваат елеганцијата .Кога правите облека по мерка можностите за комбинации се многубројни.

IMG_1356

Како што спомнавме и погоре, квалитетно изработена кошула по мерка, треба да биде пред сé удобна. За покрупни мажи обично се оди со поширок фит, односно со повеќе простор помеѓу телото и кошулата,  додека за послаби мажи се оди со пострукирана варијанта.

Генерално, кошулата што ја носите треба:

  • Кога е закопчана до горе, да има простор од еден прста помеѓу јаката и вратот
  • Да биде доволно затегната околу зглобот, така што манжетните мора да се откопчаат за да се соблече истата
  • Да има доволно долги ракави за кога ќе ги кренете рацете во вид на крилја, да не Ви го открива целосно зглобот
  • Да има раб кај рамењата што не ја надминува должината на истите

 

Кошулата што ја носите, посебно кога сте без сако, е најмоќно средство што може да го користите за невербална комуникација со оние околу вас. Вашата кошула, без разлика дали ви се допаѓа или не, зборува во ваше име. Бидете сигурни дека ја пренесува пораката што сакате да биде пренесена.