Signori Blog

Signori водич:Како да искомбинирате вратоврска со кошула со принт?

Кошулите со принт се правилен избор за предстојната есен/зима колекција. Но за некои мажи идејата да се носи кошула со принтови и вратоврска е мал предизвик кој носи доста прашања.

Дали бојата на вртоврската треба да одговара со боите на кошулата?

Дали може да се искомбинира кошула со пруги и вратоврска со пруги?

На крај сепак  повеќето од мажите се одлучуваат да изберат веќе проверени комбинации кои нема да предизвикаат многу главоболка.

Затоа нашиот водич ви нуди еден визуелен водич, со различни комбинации.

Вистината е дека кошулата со принтови може да одговара на скоро сите бои на вратоврска.

Бојата на вратоврската е многу битна во зависност од тоа каков впечаток сакате да оставите.

Еве неколку корисни совети:

1.Koшула со пруги и еднобојна вратоврска:

                                     dscf5969

dscf5967

  1. Бојата на пругите од кошулата и бојата на вратоврската треба да си одговараат, но не да се исти. Контрастот во боите треба да постои за да добиеме по впечатлива комбинација. Во овој случај сме одлучиле вратоврската да биде бордо, боја којшто претставува самодоверба и елеганција. Дефинитивно правилниот избор доколку сакате да се одвоите од останатите.
  2. Доколку повеќе ни одговара комбинација кадешто бојата на вратоврската и кошулата си одговараат тегет и сиво се правилниот избор. Добиваме комбинација која би била бизнис формална со правилното одело и по кежуал комбинација  доколку се одлучите и за фармерка.

 

2.Кошула со пруги и вратоврска со пруги:

 

dscf5971

Кога комбинираме кошула и вратоврска со принт. Постои едно правило, доколку линиите на кошулата се тенки и ветикални , пругите на вратоврскта треба да бидат подебели и со друг правец.

 

3.Кошула и вратоврска со пруги:

dscf5975

Различноста во оваа комбинација е во тоа што пругите на кошулата се слични со основната боја на кошулата.Кога сакаме да направиме ваква комбинација можеме да избереме вратоврска со по јаки бои. Бидејќи користиме по храбри бои кои потешко се комбинираат оделото во оваа комбинација мора да биде основна боја. Тегет одело е правилниот избор.

dscf5977