Signori Blog

Signori водич: Вратоврски

ties_01

 

Изборот на вашата вратоврска и видот на чворот ја покажуваат вашата креативност и стил.

Во комбинација со оделото претставуваат безвременски изглед кој никогаш не излегува од мода.

Фитот на едно одело постојано се менува заедно со ширината на вратоврските меѓутоа тие заслужуваат почит.

Во прилог ви ги пренесуваме неколку причини зошто носењето на вратоврски е битно.

Историја:       

Вратоврската секогаш била и ќе остане заштитен белег на кралските фамилии , бидејќи нејзините почетоци датираат уште од времето на Луј IV во 1646 година ,меѓутоа тие доаѓаат во поинаков облик како сатенски траки, а веќе во денешно верме се претознатвили со нивниот карактеристичен изглед  и претставуваат главен моден детал кај скоро сите мажи .

 

Самодоверба:

Доколку сакате да се одвоите од останатите , вратоврската е дефинитивно правилниот избор.

Бојата на вашата вратоврска се разбира дека е многу битна.

Најчесто застапена комбинација кај поголемиот дел од политичарите е тегет одело , бела кошула и црвена вратврска. Црвената боја на вратоврска со себе носи моќ, енергија , сила и авторитет .

Додека пак според најновите истражувања плавите вратоврски кај луѓето предизвикуваат смиреност и почит .

Се разбира денес имаме многу поголем избор на принтови и бои на вратоврски од кои можете да изберете .

sddsa

 

Носење на вратоврска изгледа добро:

Со носење на вратоврска со принт , едноставно и давате свежина на вашата комбинација  и карактер на вашето одело. Можеби е очигледно но најчесто мажите носат вратоврска е бидејќи изгледаат добро во нив.

Со вратоврска секогаш ќе изгледате добро , ќе се чуствувате добро и ќе покажете храброст во вашите комбинации.

collection_02

Клучни фактори за добар изглед на вашата вратоврска :
  • Компатибилноста на чворот со големината на вашата глава
  • Ширина на ревер со ширина на чворот
  • Обликот на чворот
  • Умешноста на врзување