Signori Blog

Signori водич: Како правилно се носи Pinstripe одело?

Кога станува збор за Pinstripe оделото, тоа е правилниот избор за во канцеларија доколку сакате да оставите посебен впечаток и влијание, меѓутоа се повеќе и повеќе се носи и на не толку формални пригоди, благодарејќи на стилскиот и моќен имиџ што го претставува.

Меѓутоа, новиото, еволуирано Pinstripe одело  колку што доаѓа со бенефити, доаѓа и со недостатоци, доколку премногу се импровизира и не се познаваат добро основните правила за носење на истиот. Затоа, секогаш кога планирате да го носите своето Pinstripe одело, внимателно следете го водичот што во продолжение Ви го нудиме.

  1. Кој треба да носи Pinstripe одело?

Генерално гледано, Pinstripe одело стои одлично на речиси секој маж. Очигледно, избор е на секој успешен бизнисмен подготвен и визуелно да ги демонстрира своите неверојатни вештини, носејки го на вистинскиот начин, а тоа во одредени ситуации може да каже и да значи многу, комплетирајќи го имиџот на успешен, креативен и уникатен маж. Меѓутоа, кога станува збор за вертикалните линии (патерни), Pinstripe оделото треба внимателно да се анализира, според обликот на тело.Линиите прават ефект на издолжување, а тоа ги прави одличен избор за пониски и/или покрупни типови на мажи.

stripes_01

  1. Кога да носите Pinstripe одело?

Границите на генерално прифатеното правило дека Pinstripe оделото се носи само во работно време, се повеќе се подместуваат, со тоа многу лесно може да се направи грешка, затоа е важно да знаете како правилно се носи и во кои пригоди. Процесот на еволуција во денешно време го направи Pinstripe оделото избор за важни состаноци, круцијални продажби и за високи функционерски позиции. Меѓутоа, како и кај се што е поново и покреативно, постојат ограничувања и подвоени мислења. Не е прикладно за неформални, кежуал пригоди или па не носете го во дискотека.

ll

  1. Како да носите Pinstripe одело?

Кога комбинирате одело, кошула и вратоврска, барем едно од нив треба да биде еднобојно, бидејќи доколку сите три елементи бидат со линии (риги), за маж со просечно познавање на модата може да биде вистински предизвик. Ако изберете кошула или вратоврска со линии, тогаш внимавајте истите да се многу тесни и дискретни, односно да не се “натпреваруваат” со линиите на оделото.

detailsMany_71

  1. Комбинации на Pinstripe одело
  • Елегантно:За пософистициран изглед носете го со кошула на која крагната би била во друга боја(најчесто бела), и украсни манжетни. Носејќи Pinstripe одело, заедно со овие добро дефинирани елементи, нема шанси да останете неприметени.
  • Модерно: Искомбинирајте широка крагна и храбра боја на вратоврска. Ова само ги потенцира храброста и карактерноста како особини на лицето што носи Pinstripe одело.
  • Софистицирано:За да ја максимизирате вистинската класа на ова одело, комбинирајте вратоврска со различна боја од онаа на линиите на оделото, и се разбира елек во оваа комбинација би бил одличен избор.Ќе се добие кохезивен и комплементарен изглед.

 

Pinstripe оделото не е повеќе само офис одело, таквата перцепција останува во минатото. Рачно скроено одело од ваков тип е прикладно за да се појавите во него на многу важни настани, бидејќи пренесува моќен, самоуверен, софистициран и професионален имиџ и пренесува порака дека сте подготвени за бизнис.

Navy Pinstripe - Oxford Windowpane