Signori Blog

Signori водич: Капути есен /зима 2016/17

Доколку дојде време да го смените вашиот стар капут, a се уште не знаете за што да се одлучите тимот на Signori е тука да ви помогне.

За да може да си го скратите изборот во однос на моделот на вашиот нов капут и да заштедите време  во прилог ви нудиме неколку предлози.

Најпрво треба да си ги поставите следните прашања:

Дали вашата професија налага  по деловен изглед ?

Дали сакаме да изгледате по кажуал и вашиот капут да го носите со фармерки?

 

1.Бизнис кежуал варијанта:

Доколку сакате да изгледате бизнис кежуал на вашето работно место а истовремено со вашиот нов капут да се појавите и на секојдневни настани изберете земјени бои на капут (кафена, темно зелена)

Комбинација на  кожна зимска чизма ,темна боја на фармерка , кошула во основна боја (бела или светло плава) и вашата кожна чанта се одличен избор доколку вашата работа не го налага бизнис формалниот изглед , а потоа би била супер комбинација  за  релаксирачка пијачка со пријателите.

 

BUSINESS CASUAL

 

*Битно е вашите челви и каиш да се секогаш во иста боја , а истото важи и за вашата кожна ташна ова правило се почитува кога се носат фармерки,  кај панталоните кои се по ваша мерка направени правилото за носење каиш не се почитува.

 

2.Бизнис формална варијанта:

Како што веќе знаеме бизнис формал е правилниот избор за мажите коишто  мора да изгледаат деловно на своето работно место. Правилото е исто како и за бизнис формалните одела, се се сведува на основи бои, како за капути така и за вашите зимски чевли.

Тегет , кафено и сиво секогаш ќе останат бои кои пред се нема да излезат од мода и бои кои многу лесно можете да ги искомбинирате .

Капутот на преклоп е единствениот избор за бизнис комбинација .

overcoats_04