Signori Blog

SIGNORI ВОДИЧ: Кожни ташни

bagblack

 

Најдобар детал што може да додадете на вашиот секојденевен изглед е кожна ташна. За да имате се на едно место , најбитно е да изберете модел кој би имал место за вашиот лап топ, документи и се што ви е неопходно за работа.

Koжните ташни секогаш наметувале по сериозен изглед кај еден маж.

Кога ќе видите маж на улица кој носи торбица претпоставувате дека ќе оди на вежбање , ист заклучок носиме кога ќе видиме маж во добро изработено одело со кожна ташна претпоставуваме дека станува збор за сериозен бизнис.

Според тоа што веќе знаеме дека се поголем дел од мажите се одлучуваат да носат кожни челви  кожата стана незаменлив дел од машката мода .

Кожните ташни,  во нашиот случај се  рачно изработени и по ваша желба, без разлика дали тоа ќе биде рачна ташна или со рамка за преку рамо.

Со тоа што тука постои вечната дилема , дали вашата кожна ташна да ја носите преку рамо и да ја уништите добрата линија на вашето одело или да се здржите на рачните ташни.

Доколку имате и повеќе други кожни детали како на пример кожен паричник, кожен каиш или пак кожни ракавици погрижете се сите тие да бидат во иста боја .

 

0b47a3fbab1200aedb3680c8936cab11234972419832adc637pimgpsh_fullsize_distr