Signori Blog

SIGNORI Водич: НАЈГОЛЕМАТА ГРЕШКА КОЈАШТО МОЖЕТЕ ДА ЈА НАПРАВИТЕ КОГА САКАТЕ ДА ИЗГЛЕДАТЕ БИЗНИС КЕЖУАЛ.

4 причини зошто сакото од вашето бизнис формално одело неможете да го носите како класичен блејзер.

Наспроти тоа што многумина од мажите мислат, има многу голема разлика помеѓу сакото од вашето бизнис формално одело и секојденвниот блејзер.

Доколку го погледнете вашето бизнис формално одело и сакате да направите поинаква комбинација не го правете тоа.

Целта кога ќе погледнете некој маж којшто носи класичен блејзер е таа комбинација да изгледа  правилно односно бизнис кежуал, а не да можете да кажете дека му недостасуваат и соодветните панталони за да се добие една целосна комбинација.detailsMany_43

Доколку не сте сигурни, има и неколку други работи кои можете да ги погледнете.

  • БОЈА Светло сивата боја и тегет се сигурни опции и нема да погрешите. Црната боја како и темно сивата се ризични бои за правење на секојднени комбинации.
  • ПРИНТ Повеќето од принтните бизнис формални сакоа неможете да ги носите како блејзер. Позитивна работа во оваа ситуација е тоашто доколку имате повеќе одела во принт , најверојатно нема ни да сакате да ги одвојувате. Сакоата во пруги како и сакоата со каро принтови е најдобро да останат заедно со своите принтни панталони.
  • МАТЕРИЈАЛ Класичните материјали секогаш се безбедна варијанта. Подебел и помалку сјајен материјал се секогаш исто така безбедни опции за комбинирање.
  • ПРАВИЛЕН ФИТ Класичниот блејзер треба да има малку покомотен фит за разлика од вашето бизнис формално одело.