Signori Blog

Signori водич- Носете го Вашиот елек правилно

Погледнете наоколу. Мажите од најразлична возраст повторно носат елеци.  Елекот вообичаено се поврзува со повозрасни, отмени џентлмени, меѓутоа таа отменост надополнета со младешки дух и креативност, го прави елекот омилено парче облека и на помладите мажи, па и жени.

Самите ние од Signori сме фанови на елеците и драго ни е што нивната застапеност е сé поголема, меѓутоа и помладите и повозрасните мажи, треба да се свесни за неколку основни правила за носење на елек.

Правилен фит

Правилно дизајнираниот елек е доволно долг напред, за целосно да ја покрие половината и да не покажува дел од кошулата помеѓу појасот и елекот.

kk

 

Погрижете се да носите доволно прилепена кошула, уредно пикната во појасот, за да избегнете надувување и несиметрични испакнатини на истата, од под елекот. Најдобро решение за тоа е носење кошула скроена по Ваши мерки –  дознајте повеќе на http://signori.mk/blog/Во спротивно, ќе изгледа несредено и вниманието ќе е насочено кон половината, што на повеќето од нас не ни одговара.

Рамењата на елекот секогаш се рамни, по линијата на рамењата. Доколу носите елек и сако, V – формата на елекот треба да е доволно тесна, односно краците да се доволно зближени еден наспроти друг, така што реверот на сакото нема целосно да го покрие елекот.

Истотака, имајте на ум дека, најдолното копче на елекот секогаш треба да е оставено откопчано, а може и најгорното, по Ваша желба. ( Оваа традиција е постара од сто години и нема некоја посебна практична примена деновиве, освен можеби, да добиете полежерен, кежуал изглед. Едноставно, тоа е начин да покажете дека и оддавате почит на традицијата.

Прилики за мажите да носат елеци

Секогаш имајте во предвид да носите елек на “black tie”, формални настани, бизнис состаноци, матури и слични свечености, како и за кежуал излегувања во град. Вистината е дека, елекот секогаш ќе го надополнува и збогатува Вашиот изглед.

cobalt

За елек наменет за смокинг комбинација, најпогодна боја е црната, но можете да носите и други бои, се додека се темни, едноставни и достоинствени – темно зелени и темно црвени  и повеќе нијанси на бордо, се одличен избор.

Доколку носите елек со појаки бои, останатите парчиња облека треба да се со посмирени бои.

Троделните одела се одличен избор за мажи, коишто сакаат да додадат дополнителен белег на формалност. Вашиот елек, генерално треба да се совпаѓа со Вашето одело и секогаш би требало да се носи со вратоврска, бидејќи без истата, би се добило премногу неформален изглед за three-piece одело.

ll

Одело со елек во различна боја, се користи за да се добие покежуал изглед и таквата комбинација не е препорачлива за бизнис настани и состаноци.

Секако, спојот на елекот со кошула на долги ракави е незаменлив и непогрешлив, а за полежерен изглед само подвиткајте ги нагоре ракавите на кошулата.

Едноставен, а толку моќен. Никако не изоставајте го елекот од Вашата облека.