Има многу причини поради коишто кошулите по мерка се далеку подобра опција од стандардните кошули купени од продавница. Во овој блог ќе се обидеме да ги опфатиме главните предности за да се одлучите токму за custom made кошули.

1.Материјал

Најпрво, кошулите по мерка секогаш се изработуваат од квалитетни материјали, коишто траат, се удобни за носење и спречуваат прекумерно потење. Најдобри материјали за изработка на кошули се Египетскиот памук и Гетцнер австрискиот памук .Изборот на вистинската кошула ќе ја надополни вашата комбинација и ќе направи подобр да изгледате .

 

2.Правилен фит

  • Најважна причина поради којашто задолжително треба да имате кошула по мерка во вашиот гардеробер, е секако oдличниот фит , односно совпаѓањето на истата со вашите мерки и пропорции. Правилна ширина на јаката(крагната на кошулата ), струкот, должината на ракавите, се само дел од стандардите што мора да се исполнуваат за да добиете производ  што совршено ви прилега а што многу ретко се добива доколку купите кошула од продавница, односно,  доколку ви е точна во ширината на вратот, должината на ракавот нема да Ви одговара, или пак ако е точна во ракавите ќе биде широка во стомакот.

  • Секогаш внимавајте должината на ракавот од кошулата треба да е во просек 2cm подогла од должината на ракавот на оделото.

3.Избор на правилна крагна 

Наш омилен избор на крагна за кошула е моделот “Medium Point “ која пред се одговара со сите видови на чворови на вратоврска. Може да се носите за бизнис состаноци но исто така би изгледал одлично во кежуал варијанта .Одговара на сите облици на врат и глава што е многу битно.

Конструкцијата на телото и обликот на лицето се многу битни кога се избира кошула , меѓутоа кога правите кошула по мерка ја имате помошта на нашиот стручен консултат во секој избор. Доколку имате заоблен лик треба да носите тесна и издолжена јака за издолжувачки ефект на лицето. Како “Button Down “

Доколку пак имате по издолжен лик за вас идеална е “Cutaway” јаката .Овој тип на крагна најдобро одговара со Four In Hand чворот на вратоврски .

Деталите се секогаш  важни. Покрај тоа што бирате материјал, боја и дезен се бираат и деталите во зависност од настанот за којшто Ви е потребна кошулата. Конструкцијата на лицето и телото

и конструкцијата на лицето и телото, пример тесна и издолжена јака (Point Collar), за издолжувачки ефект на лицето или пак, широка јака (Spread collar) што открива поголем дел од горниот дел на кошулата, за разлика од претходниот тип, и што е одлична за мажи со поиздолжена форма на лицето.

 

Исто така може да се изберат  специјални метални копчиња за побогат и поелегантен ефект за вашата свадба или веридба, манжетни коишто ја надополнуваат елеганцијата .Кога правите облека по мерка можностите за комбинации се многубројни.

Како што спомнавме и погоре, квалитетно изработена кошула по мерка, треба да биде пред сé удобна. За покрупни мажи обично се оди со поширок фит, односно со повеќе простор помеѓу телото и кошулата,  додека за послаби мажи се оди со пострукирана варијанта.

Генерално, кошулата што ја носите треба:

  • Кога е закопчана до горе, да има простор од еден прста помеѓу јаката и вратот
  • Да биде доволно затегната околу зглобот, така што манжетните мора да се откопчаат за да се соблече истата
  • Да има доволно долги ракави за кога ќе ги кренете рацете во вид на крилја, да не Ви го открива целосно зглобот
  • Да има раб кај рамењата што не ја надминува должината на истите

 

Кошулата што ја носите, посебно кога сте без сако, е најмоќно средство што може да го користите за невербална комуникација со оние околу вас. Вашата кошула, без разлика дали ви се допаѓа или не, зборува во ваше име. Бидете сигурни дека ја пренесува пораката што сакате да биде пренесена.