Секое одело кое е направено по мерка е пред се уникатно , ви дава самодоверба и ве издвојува од другите. Оделата по мерка се создадени за мажи кои внимаваат на својот изглед и го избираат квалитетот како приоритет.

5  Предности на едно одело по мерка :

1.Совршен Фит

За еден костум да изгледа убаво најбитно пред се е да има еден совршен фит. Секако дека на повеќето од мажите им е познато дека тегет , темно и светло сиво се основни бизнис бои, тоа значи дека во најголем дел од вашите семинари и состаноци мажите ќе бидат облечени во истите тие бои . Меѓутоа битно е да се запамети дека едно одело по мерка во тегет боја никогаш нема ни приближно да наликува на тегет оделото од вашиот колега кое е купено од продавница .

2.Разиката е во материјалите

Предноста е во тоа што вие учествувате во изборот на вашиот материјал со помош на стручен консултант. Материјалот треба да е изработен од природни суровини како што се волна ,свила или пак кашмир. “Scabal” и “Loro Piana “се едни од најдобрите производители на материјали во светот и се достапни и кај нас. На располагање ја имате најдобрата категорија на материјали во светот како за одела така и за спортски блејзери и капути .

3.Го избирате вашиот личен стил.

Секако дека одредени настани во животот налагаат и одреден дрес код меѓутоа доколку имате уникатен стил и барате нешто поразлично од тоа што продавниците го нудат тогаш оделата по мерка се вашето решение. Може да бидете креативни и уникатни со секоја комбинација да изберете од многуте различни копчиња , скриени џебови , интересни везови  и секако различни принтови и бои кај материјалите.

4.Секогаш ке изгледате одлично.

Oделата направени по мерка се најдобрите одела во светот и никој нема никогаш да го има истиот фит како вашиот. Ќе го изразите вашиот стил на секој настан на којшто учествувате. Луѓето ќе знаат дека го цените квалитетот и врвната изработка и секако да не заборавиме на моќта и самодовербата која доаѓа со секое одело направено по мерка.

5.Заштедувате време

Модерниот маж има премногу обврски и го цени своето време. Кога правите одело по мерка за помалку од еден час ја имате дефинирано вашата нарачка и вашите мерки се земени. Претходно го закажувате вашиот термин и целиот тој процес се одвива во пријатен амбиент без гужви и непријатни соблекувални.