Доколку дојде време да го смените вашиот стар капут, a се уште не знаете за што да се одлучите тимот на Signori е тука да ви помогне.
За да може да си го скратите изборот во однос на моделот на вашиот нов капут и да заштедите време во прилог ви нудиме неколку предлози.
Најпрво треба да си ги поставите следните прашања:
Дали вашата професија налага по деловен изглед ?
Дали сакаме да изгледате по кажуал и вашиот капут да го носите со фармерки?
1. Бизнис кежуал варијанта:
Доколку сакате да изгледате бизнис кежуал на вашето работно место а истовремено со вашиот нов капут да се појавите и на секојдневни настани изберете земјени бои на капут (кафена, темно зелена)
Комбинација на кожна зимска чизма ,темна боја на фармерка , кошула во основна боја (бела или светло плава) и вашата кожна чанта се одличен избор доколку вашата работа не го налага бизнис формалниот изглед , а потоа би била супер комбинација за релаксирачка пијачка со пријателите.
*Битно е вашите челви и каиш да се секогаш во иста боја , а истото важи и за вашата кожна ташна ова правило се почитува кога се носат фармерки, кај панталоните кои се по ваша мерка направени правилото за носење каиш не се почитува.
2. Бизнис формална варијанта:
Како што веќе знаеме бизнис формал е правилниот избор за мажите коишто мора да изгледаат деловно на своето работно место. Правилото е исто како и за бизнис формалните одела, се се сведува на основи бои, како за капути така и за вашите зимски чевли.
Тегет , кафено и сиво секогаш ќе останат бои кои пред се нема да излезат од мода и бои кои многу лесно можете да ги искомбинирате .
Капутот на преклоп е единствениот избор за бизнис комбинација.