Што е Scabal?
Scabal е aнглиски бренд, распространет во повеќе од 65 земји во светот а неодамна пристигнува и во Р.Македонија. Станува збор за еден од најдобрите светски брендови за изработка на екстра луксузни материјали , од најдобар состав и квалитет.(волна, свила и кашмир)
Добрата репутација на Scabal започнива уште од самите почетоци во 1938 година. A потоа во 1970 те стартува на големите Холивудски ектани ,во филмови како “The Godfather” и “Casino”
Квалитетот, иновацјата и личниот контакт со нивните клиенти , како и големиот избор на принтови и дизајни е тоа што придонесува да бидат најдобар светски производител на материјали повеќе од 70 години.
Signori во Р.Македонија станува единствен увозник на овие луксузни материлаји и ви претставува повеќе од шест Scabal kолекции со преку 500 разлицни материјали.
КОЛЕКЦИЈА “JUST IN TIME”
Колекцијата “JUST IN TIME” пристигнува од Aнглија , изработена од дупло ткаена луксузна волна со тежина од 320 грама. Дизајните коишто се достапни во оваа колекција го имаат типичниот англиски дизајн и се матеијали кои се погодни за носење во просторија или надвор од неа. Нaјчести бои во оваа колекција се плаво, црно, кафено и сиво.(SMART SUITS)
KОЛЕКЦИЈА “CLASSICS”
Некои работи никогаш не изгелуваат од мода, и затоа оваа колекција на супер префинети материјали ќе придонесе да имате константно стилски изглед.
Исто така изработени од Scabal англиските мелници , доаѓаат дупло ткаените 320 грамски волнени материјали, со повеќе од 50 дизајни од кои можете да изберете.
Во класичната колекција исто така спаѓаат и повеќе од 50 “BIG BEN “ 100% волнени меѓутоа 480 грамски материјали, препорачливи за секојдневни зимски блејзери.
КОЛЕКЦИЈА “TRIPLE A“
Луксузната колекција на супер 120s волна и кашмир е направена од дупло ткаена плетка, што придонесува тие да имаат исклучителна мекост .Колекцијата е погодна како за секојдневни блејзери така и за одела.
Колекција “CASHEEN”
Во оваа колекција влегуваат 100% чист кашмир препорацливи за секојдневните блејзери.
Создадени се две различни категории на 100% чист кашмир материјали.
Во првата група влегуваат 300 грамските материјали со посветли бои , и 320 грамските материјали со основни бои и со по волуминозен изглед.