ШТО ДА НОСИТЕ НА РАБОТА КОГА Е ТОПЛО НАДВОР ?

Доколку работите во канцеларија и уживате во бенефитите на климатизирана работна просторија, шансите да направите поразлични комбинации се минимални , бидејќи и во овие  топли денови” dress code” политиката на компаниите сеуште важи.

Доста е тешко да изгледате бизнис формално на температура од 40 степени , но секако вашиот стил на облекување остава одреден впечаток за вас во  вашето работно опкружување.

 

Koшула:

Во овие топли денови кога се спремате да го започнете вашиот работен ден најбитно е пред се да ја изберете соодветната коушла. Тоа е првото нешто што доаѓа во контакт со вашата кожа  затоа материјалот на кошулата ви е најбитен.

Изберете кошула од 100% природни материјали како памук , волна , лен или пак мешавина исклучиво од овие материајли. Секако Дупло ткаен Египетски памук се смета за најдобар материјал за изработка на кошула поради исклучителниот квалитет.

 

Одело:

Signori за овие топли денови ви ги препорачува материјалите мешавина на волна и лен . Пријатен материјал поради неговиот природен состав. Оделата изработени исклучиво од лен не ви ги препорачуваме за на работа , поради фактот што брзо и многу лесно се гужваат . Затоа новата колекција на материјали мешавина на лен и волна се идеални за да се спречи прекумерното гужвање.

За оваа летна колекција ленот е најпопуларен поради неговиот лесен состав и секако светли бои.